Залепете ги електродите на градите врз чиста кожа.
Спуштете ја апликацијата на вашиот паметен уред, отворете ја и внесете ги потребните параметри.
Започнете со мерење ЕКГ. Резултатите ќе ви бидат прикажани.
Најпрво прикачете ги самолепливите електроди на долната страна од сензорот.
Потоа залепете го уредот врз чиста кожа во една од позициите како на сликата.
Најпрво, во Google Play Store побарајте ја апликацијата MobEcg и инсталирајте ја на вашиот телефон. Потоа отворете ја апликацијата и следете ги упатствата. Ќе ви бидат потребни серискиот број и пинот кои се наоѓаат на последната страница од Прирачникот за Корисници кој е во пакет со вашиот SAVVY уред.
За инсталација на апликацијата ECGALERT на вашиот iPhone/iPad, ќе ви биде потребно компјутер приклучен на интернет, iTunes и USB кабел за вашиот iPhone/iPad.
Апликацијата MobECG е неопходна за работата на Savvy сензорот.
Основни функционалности на апликацијата се:
Изберете го сензорот во листата на сензори и притиснете Connect.
Листата на сензори е прикажана во Overview, или со избирање на Select Savvy во менито.
Доколку сензорот е поврзан, притиснете Start за да започнете со мерење на ЕКГ.
Пулсот е прикажан.
Доколку мерењето е започнато, ЕКГ сигналот може да го следите во живо со избирање на ECG Graph во менито.
Доколку сакате да обележите одредено ЕКГ, изберете Mark Event од менито.
Внесете ги потребните детали и притиснете Mark.
Понатаму за сите обележани ЕКГ мерења може да генерирате pdf извештај.
За да генерирате pdf извештај кој што понатаму може да го испринтате или пратите по меил, изберете ECG Report од менито.
Овој извештај понатаму може да го испринтате, да го пратите по меил, или едноставно да го зачувате на вашиот телефон.
Наскоро...
Вашите ЕКГ скенови автоматски се пренесуваат на облак секогаш кога вашиот телефон е поврзан на интернет. Потоа можете да ги пристапите на view.ecgalert.com.
Но, доколку сакате да ги превземете на своја рака директно од телефонот треба да ја инсталирате апликацијата MobEcg Deamon на следниов начин:
За повеќе информации подлегнете го Прирачникот за Корисници.