За прв пат на скопскиот маратон во 2017 ќе се демонстрира употреба на оддалечен мониторинг со носечки ЕКГ сензори за да се набљудува работата на срцето на 20 учесници. Се работи за носечки сензори кои се налепуваат на телото и не пречат при трчањето. Сигналите се пренесуваат преку мобилен телефон до серверот, и преку соодветна апликација се овозможува лекар да ги следи активностите на срцето.
Сензорите и системот за следење на работата на срцето наречен ЕКГ алерт ги снабдува Иновејшн а учесниците кои се пријавија да го тестираат системот се од компаниите Радио Антена, Финки, и иВоте. Проектот ЕКГ алерт на кој што работи Иновејшн е делумно финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија.