Срцето и неговата функција

Срцето е мускулен орган чија што задача е да испумпува крв по телото. Составено е од две половини кои се разделени со преграда (septum), а секоја половина се состои од комора и преткомора. Од витално значење за здраво срце е доследноста во работата односно начинот на кој мускулните ткива на срцето се прошируваат и стеснуваат предизвикувајќи контракција (односно чукањето на срцето).

Мерење на срцевата работа, или ЕКГ

ЕКГ, или електрокардиограм, е графички приказ на работата на срцето. Ги покажува електричните импулси генерирани од страна на срцето, кои предизвикуваат контракција на срцевиот мускул. Со тоа, ЕКГ дава детална евиденција на срцевата активност.

Аритмија

Аритмија е нарушување на работата на срцето, односно, кога отчукува нередовно, забрзано или бавно. Посилни аритмии може да предизвикаат прекини во снабдувањето на организмот со крв.

Нарушен ритам на срцето може да биде резултат од висок крвен притисок, вродени срцеви мани, воспаление на срцевиот мускул, срцева слабост, дефекти на срцеви залистоци, коронарна срцева болест, проширено срце, или хипертрофија, трески, скриени инфекции, хиперактивнa тироидна жлезда, хормонални нарушувања или уништенa рамнотежа на минералите во организмот.

Атриска Фибрилација

Атриска фибрилација е нарушување на срцевиот ритам кои петкратно ги зголемува шансите за мозочен удар. При оваа состојба преткоморите контрахираат хаотично, предизвикувајќи неправилна работа на срцето со забрзан ритам. Една од последиците е згрутчување и/или задржување на крвта, што може да предизвика мозочен удар.

Сведоштва


Брзи линкови

Купи SAVVY ЕКГ Android апликација iPhone апликација MobEcg Deamon Корисничка Поддршка